ВИЦ
Маж и жена се возат со часови во автомобил, по една голема караница не зборуваат еден со друг. Така возејќи се минуваат низ некое село.Во дворот на една куќа здоогледуваат две свињи како се прпелкаат во калта.Мажот со кренат нос: - Еј види, изгледа некои твои роднини? А жената мртва-ладна: - Да, свекорот и свекрвата. ТОП ВИДЕО |
Friday, 13 April 2012 16:16
Љубов & Секс
Начинот на кој таа те гледа ќе открие дали е заинтересирана, или време е да исчезнеш од пред нејзините очи.
Не си сигурен дали и се допаѓаш? Ако гледа долу, а потоа со погледот „шара“ по подот, веројатно е заинтересирана, но ако те гледа право во очи, или, уште полошо, имаш впечаток дека гледа некако „низ тебе“, време е да продолжиш понатаму, велат психолозите. Женскиот ум отсекогаш бил загатка за мажите, а однесувањето и сигналите на поубавиот пол се целосна мистерија, но неодамна спроведено истражување нуди „решение“. Дали и се допаѓате или не ќе дознаете од начинот на кој ве гледа. Новата студија се занимавала со сигналите кои жените ги праќаат со погледот - по иницијален контакт со очите, можете да процените какви ви се шансите. Првите 45 секунди се најважни, затоа што тогаш веќе можете да видите дали е заинтересирана за вас или не. Психологот Али Камбел вели дека е сигурен знак дека ја привлекувате ако по првиот контакт со очите го спушти погледот и почне да „шара“ по подот. „Тоа значи дека сте го привлекле нејзиното внимание, а погледот кој лута по подот оддава дека сега се преиспитува самата себе колку навистина и се допаѓате.“ Иако може да делува нелогично, жената која е заинтересирана речиси никогаш нема да ве погледне директно во очи во прв момент. Но, ако го сврте погледот, а потоа по некои 45 секунди ве погледне во очи, тоа значи дека и се допаѓате и дека размислува дали би биле партнер кој одговара. „Поголемиот број мажи ќе заклучат дека жената не е заинтересирана ако го сврте погледот, но тоа е неизбежно. Во човечката природа е да го тргнуваме погледот кога размислуваме за своите чувства“, вели Камбел. Кога следниот пат ќе видите девојка која ви се допаѓа, а таа го спушти погледот - пријдете и, големи се шансите да се го привлекле нејзиното внимание. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















